ПОЧЕТНА ЕВРОПА Играчите не сакаат да се доигра Евролигата

Играчите не сакаат да се доигра Евролигата

сподели

Мнозинството кошаркари од елитното европско кошаркарско натпреварување не сакаат тоа да се доигра бидејќи се плашат за своето здравје.

Не е во прашање само корона вирусот, туку и стравот од повреди по повеќе од два месеца поминати надвор од сериозен тренажен процес. Кошаркарите објасниле дека не се подготвени за жесток ритам на натпревари, а на најголем дел од нив, освен натпреварите во Евролигата, им претстојат и настапи во домашните првенства што значи дека во следните 2-3 месеци би играле секој втор ден.

Во конверзацијата со челниците на Евролигата учествувале 36 кошаркари, капитенот и уште еден член од секоја екипа. Конечната одлука за тоа дали ќе продолжи Евролигата, од која остануваат шест кола од лигашкиот дел и цел плеј-оф, ќе биде позната утре.