ПОЧЕТНА СВЕТ Играчите најавуваат бојкот, НБА смирува

Играчите најавуваат бојкот, НБА смирува

сподели
NBA.com

Кајри Ирвинг, поддржан од неколку големи ѕвезди повика на бојкот на финалната фаза од лигата кој треба да почне на 30 јули.

Најавениот рестарт ќе биде во Орландо каде натпреварите најверојатно ќе се играат без публика, по однапред утврден распоред. Целата ситуација со корона вирусот и, последните недели, со расизмот во САД, придонесе многу кошаркари да го прифатат повикот на Ирвинг, но од НБА лигата ја смируваат тензијата.

„Ги разбираме сите опасности со кои се соочуваат кошаркарите. Работиме со асоцијацијата на играчите за да најдеме баланс при решавањето на овие проблеми“, изјави портпаролот на НБА, Мајк Бас.

Водството на лигата веќе ги презема потребните мерки за заштита на кошаркарите. Од 23 јуни ќе почне тестирањето за ковид 19 по што ќе почнат подготовките за рестартот на сезоната.