ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Играчите известени, познато е зошто пропаѓа АВ Охрид

Играчите известени, познато е зошто пропаѓа АВ Охрид

сподели
фото: КК АВ Охрид

Раководството, кошаркарите и стручниот штаб на досегашниот прволигаш одржаа состанок на кој се објаснети причините за згаснувањето на амбициозниот клуб.

Basketball.mk неофицијално дознава дека во прашање се финансиски проблеми во кои западнал клубот пред почетокот на новата сезона.

Ова е голема загуба за македонската клупска кошарка бидејќи Охрид како спортски и кошаркарски центар требаше на голема врата да се врати во неа по освоениот Куп на Македонија пред една деценија.

Меѓу другото, ако нема промени во последен момент, овој спорт останува без уште еден голем, почитуван мецена.