ПОЧЕТНА ЕВРОПА Играч на Звезда почина на стадионот на Партизан

Играч на Звезда почина на стадионот на Партизан

сподели
Фото: Црвена звезда, АБА Лига

Нигерискиот интернационалец (со американски пасош) Мајкл Оџо колабирал за време на индивидуален тренинг, по што бил префрлен на Ургентниот центар во Белград каде само е констатирана смрт по неуспешната реанимација.

фото: FMP, ABA liga

Оџо имаше 27 години. Во Србија дојде директно од колеџ во САД, каде настапуваше за Флорида Стејт од 2012 до 2017 година. Една сезона играше во ФМП (2017/18) и две во Црвена звезда (2018-2020).

фото: Crvena zvezda mts

Според Б92, тој ја прележал напаста коронавирус, но починал од срцев удар додека тренирал пред стартот на новата сезона. Мајкл Оџо беше без договор, непосредно пред почетокот на новата кошаркарска година.

фото: Starsport

Центарот имаше невообичаена конституција, но сепак не беше толку доминантен под обрачите затоа што се уште ги учеше тајните на кошарката. Тој носеше број на патики 21 (по американски стандарди), поради што компанијата Најки инвестира 15.000 американски долари за специјална машина која правеше таков калап.