ПОЧЕТНА ЕВРОПА Играч на МЗТ Скопје во идеалната постава на АБА 2

Играч на МЗТ Скопје во идеалната постава на АБА 2

сподели

Специјализираниот кошаркарски портал eurobasket.com ги избра најдобрите петорки во двете АБА дивизии за сезоната 19/20 иако таа не го дочека својот крај.

Во идеалната постава на АБА 2 се најде и играчот на МЗТ Скопје, Ѓорѓе Милошевиќ како и поранешниот член на клубот од Аеродром, Никола Павличевиќ. Во втората петорка е и капитенот на седумкратниот македонски шампион Дамјан Стојановски.

фото: МЗТ Скопје Аеродром, Роберт Спасовски

Порталот ја потенцира и играта на Џабари Хиндс кој имаше блескави изданија во дресот на МЗТ Скопје, но од клубот се раздели на лош начин.