ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Играч му побара(л) 6-цифрен договор на МЗТ!!!

Играч му побара(л) 6-цифрен договор на МЗТ!!!

сподели
Тешко на Кочов и на неговите колеги од останатите екипи, кои што сакаат да имаат квалитетни состави уште во јуни, со сите овие перипетии во македонската кошарка...

Македонскиот шампион се соочува со големи проблеми во креирањето на ростерот, како што велат од клубот, затоа што македонските играчи, поради правилото постојано-тројца-на-терен, ги кревале своите цени до небото.

Во вакви економско-пазарни услови какви што владеат во Македонија, побарана е сума од 6 цифри, за една сезона, а ако најмалата цифра (од природни броеви) е прва, тоа значи 100.000 евра за една сезона, која што трае 10 месеци, или 10.000 евра месечно.

Принтскрин од ФБ коментар на првиот оперативец на МЗТ Скопје, Тони Грнчаров.

Од една страна – кој е играчот што (мисли дека) толку вреди, или што може да понуди за толкава цена, за кои трофеи ќе се бори, што ќе им остави на помладите како наследство или пренесување на искуствата?

Од друга страна – што мислеа клубовите, кога ги запоставија младинските школи, кога се ориентираа кон (за наши услови) скапи странци, кога не размислуваа за второлигашки екипи, кога молчеа пред деструкцијата на македонската кошарка?