ПОЧЕТНА СП 2019 Ич не ги жалам Американците…

Ич не ги жалам Американците…

сподели
usab.com

Првпат по 12 години репрезентацијата на САД не е апсолутен фаворит за титулата на едно Светско првенство.

Многуте откажувања си го направија своето и американската селекција е во втор план иако во составот повторно има голем број ѕвезди, а на клупата е Грег Попович заедно со Стив Кер. Љубителите на кошарката жалат што нема да ги видат најдобрите играчи од НБА, но Марк Гасол не го дели нивното мислење.

„Мислам дека во сите репрезентации недостасува по некој важен играч. Американците имаат голем број ѕвезди, па кај нив тоа е малку позвучно, но нивниот тим на Мундобаскетот, сепак, е преполн со талентирани кошаркари.

Сите репрезентации во еден момент мораат да направат смена на генерациите, меѓутоа кај нив излезе радикално поради големиот број откази. Но, не ми е жал за нив воопшто, и натаму се многу квалитетни.

Има многу репрезентации кои се со сличен квалитет, ситници ќе одлучуваат, а мислам дека шанса за медал имаат осум или девет екипи“, изјави центарот на Торонто Репторс.

Конкретно, во неговата репрезентација недостасува брат му Пау кој за Шпанија секогаш игра со посебен мотив иако има 39 години. Кај Србите недостасува Теодосиќ итн.