ПОЧЕТНА ЕВРОПА И трета среќа за МЗТ?

И трета среќа за МЗТ?

сподели
фото: Spars/Merjem Berbic

Во третата рунда во АБА 2 лигата, македонскиот претставник ќе се соочи со словеченката екипа Рогашка, со која минатата сезона имаше 1:1 (84:70, 102:90).

Аеродромци се една од само двете екипи што немаат пораз по две кола, а заедничко со следниот противник им се победите против Спарс во Сараево.

Ова ќе биде единствениот натпревар од првиот ден на третото коло, сите други се закажани ден подоцна од пресметката во Скопје.

АБА 2, 3-то коло:

15.10.2019.
МЗТ Скопје – Рогашка (19:00 часот)

16.10.2019.
Борац – Спарс
Хелиос – Нови Пазар
Сутјеска – Слобода
Сплит – Ловќен
Широки – Динамик