ПОЧЕТНА Евролига И Реал има свој Џордан

И Реал има свој Џордан

сподели

Актуелниот шампион на Шпанија го донесе второто засилување во летниот преоден рок, по Николас Лапровитола.

Нов играч на Реал е довчерашниот член на Химки, Џордан Мики кој потпиша договор на две години. Со оглед на тоа што е висок 218 сантиметри, тој треба да биде замена за Густаво Ајон кој го напушти „кралскиот клуб“.

Американскиот центар пред четири години беше избран како 33-ет пик на НБА драфтот од Бостон Селтикс, но не се снајде во НБА лигата. Две сезони играше во паралелно во Развојната лига и во Бостон, а потоа една во дресот на Мајами. За три години одигра вкупно 64 натпревари во НБА со просек од 2,4 поени.

Лани се пресели во Европа, во екипата на Химки за која во Евролигата постигнуваше по 13,7 поени, 5,5 скока и 1,1 блокада по натпревар.