ПОЧЕТНА СВЕТ Никола Јокиќ има корона!

Никола Јокиќ има корона!

сподели

Голем број српски спортисти се заразија со вирусот кој го тресе светот последните шест месеци.

На списокот се најде и ѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ кој „закачил“ корона при престојот во татковината. Познатиот американски новинар Адријан Војнаровски тврди дека поради тоа е одложено неговото враќање во САД, на подготовките пред продолжението на сезоната.

„Не покажувал симптоми откако добил позитивен резултат на тестот минатата недела“, објави Војнаровски.

Ова веројатно значи дека кошаркарот на Денвер криел за својата состојба бидејќи ги порано ги знаел резултатите. При престојот во Белград, Јокиќ присуствуваше на прошталниот натпревар на Мега Бемакс со тренерот Дејан Милојевиќ на кој учествуваше и играчот на Партизан, Никола Јанковиќ кој прв меѓу спортистите објави дека е позитивен.