ПОЧЕТНА СП 2019 И нему за малку му избега трипл-дабл

И нему за малку му избега трипл-дабл

сподели
FIBA

Се уште го чекаме првото тројно-двојно остварување на светските првенства, а друг што беше многу блиску до вакво нешто е лидерот на чешката селекција, ѕвездата на НБА франшизата Чикаго Булс.

Томаш Саторански имаше 20 поени, 9 асистенции и 7 скока, но не притискаше во нешто помалку од 30-те минути поминати на паркетот, како да не беше свесен дека во убедливата победа над Бразил (71:93) можеше многу лесно да се запише во историјата на кошаркарските мундијали.

Најблиску до трипл-дабл на ова СП беше Џо Инглс од Јута Џез, во победата на Австралија над Сенегал со 81:68, кога имаше 17 поени, 10 скока и 9 асистенции.