ПОЧЕТНА ЕВРОПА И на најдобрите им се случува тоа…

И на најдобрите им се случува тоа…

сподели

Фенербахче е без победа во првите две кола од Евролигата, но многу повеќе од поразите навивачите се загрижени поради лошата игра на поранешниот европски шампион.

Против Реал само на моменти личеше на себе, а против Звезда тотално разочара. За екипа што го има најдобриот тренер на сите времиња во елитното натпреварување, срамен е поразот со само 56 постигнати поени.

Аналитичарот на Спортандо, Емилијано Каршија открил дека Жељко Обрадовиќ поставил негативен личен рекорд во Евролигата. Никогаш во неговата кариера не се случило неговиот тим да биде без победа по две одиграни кола, а таков е случајот во моментов.

Од 2001 година тој ги водел своите екипи на 428 натпревари во Евролигата и остварил 300 победи што значи дека има 70,1% успешност.