ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА И младинките не израдуваа, го растурија Косово

И младинките не израдуваа, го растурија Косово

сподели
КФСМ

Македонската М18 репрезентација продолжи со одличните резултати пред Европското првенство Б-дивизија што ќе се одржи во Скопје.

По победите против Бугарија и Грција на турнирот во македонската престолнина, младинките забележаа убедлив триумф против Косово со 65:47.

КФСМ

Нашите млади кошаркарки доминираа во текот на целиот натпревар, водеа и со 25 поени разлика и да не беше малото опуштање во последниот период, победата ќе беше изразена уште поубедливо.

КФСМ

Матеа Николиќ со 16 поени и 6 скока беше нашата најдобра репрезентативка, Селцова постигна 13 поени, а Попдимитровска 12.