ПОЧЕТНА ЕВРОПА И Грците се согласија да го прекинат првенството!

И Грците се согласија да го прекинат првенството!

сподели
ekathimerini.com

Сите 14 клуба кои настапуваат во елитната кошаркарска дивизија кај нашиот јужен сосед постигнаа договор да заврши шампионатот поради корона вирусот.

Како и во Македонија, тие одржаа состанок преку конференциска врска и нивната одлука треба да ја потврди Федерацијата и Владата на Грција од каде не се очекуваат проблеми. За разлика од најголемиот број држави низ Европа кои, исто така, ги прекинаа своите првенства, не е донесено решение дали и кој ќе биде прогласен за шампион.

По 20 одиграни кола Панатинаикос е прв со биланс 18/2 пред АЕК со 16/4. На дното се двете солунски екипи Арис и ПАОК, но изгледа нема да има испаѓање, туку идната сезона лигата ќе брои 16 екипи. Една од двете кои ќе влезат во ова друштво е Олимпијакос кој лани административно беше исфрлен во понизок ранг.

Грчката лига е прва од елитните во Европа која одлучи да го прекина првенството поради корона вирусот.