ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА И Грција останува без клучните играчи – Јанис го повредил вкрстениот лигамент...

И Грција останува без клучните играчи – Јанис го повредил вкрстениот лигамент против Србија!

сподели
eurohoops.net

Подготовките за претстојното СП го земаат данокот на напорните сезони и на долгиот професионален живот без соодветен одмор, со пренатрупани календари.

По повредата на Костас Слукас, кој е неизвесен за настап во Кина, последен во редот на повредените грчки репрезентативци е играчот на Панатинаикос, Јанис Атианију кој го скина прдниот вкрстен лигамент на коленото по само 18 секунди на паркетот.

На мечот со Србија, во поразот 85:80 во финалето на Акрополис Куп, Грција играше без костас Папаниколау и Јанис Папапетру, кои селекторот ги штедеше со цел да не им се случи слично сценарио.