ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА И Гостивар сака во АБА?

И Гостивар сака во АБА?

сподели

Ако регионалната лига преживее, по административната војна меѓу Црвена звезда и Партизан која се продлабочува, тогаш МЗТ Скопје би требало да биде дел од првата лига на поранешните Ју-републики, а Работнички да остане во АБА 2.

Во тој случај, гостиварската екипа (која беше третопласирана) сака да игра во втората по ранг регионална лига, на местото на последниот македонски шампион, кој, пак, од друга страна, апсолутно заслужи да се врати во АБА елитата.