ПОЧЕТНА ЕВРОПА И Франција заврши без шампион

И Франција заврши без шампион

сподели
фото: bcmbasket.com

Годишната конференција на клубовите од француската ЛНБ, на која учествуваат и претставници на Федерацијта, Здружението на професионални кошаркари, Здружението на тренери и претставници на лекарската и судиската комисија, финишира со одлука за завршување на кошаркарската сезона.

Останаа уште девет кола од основниот дел, како и плеј-офот во елитната дивизија и уште 11 кола во Втората лига. Како и во најголемиот дел првенства низ Европа, шампион не е прогласен, нема да има испаѓање, а ниеден од Б-лигашите нема да биде промовиран во повисок ранг. Согласно со тоа, никој нема да испадне ни од Про Б и никој нема да влезе во оваа конкуренција.

Тоа се добри вести за екипите на македонските репрезентативци Војдан Стојановски и Стојан Ѓуроски. Во моментот на прекин, Гравелин-Динкерк се наоѓаше на претпоследната позиција на табелата, но тимот, сепак, и идната сезона ќе игра во Првата лига. Евре, на Ѓуроски, беше на 16-тото место од 18 екипи во Про Б и нема да се бори за својот опстанок.