ПОЧЕТНА СВЕТ И цените на билетите за комеморацијата во знакот на броевите на Коби...

И цените на билетите за комеморацијата во знакот на броевите на Коби и Џана

сподели

На 24 февруари јавноста во САД последен пат ќе се прости од Коби Брајант и неговата ќерка Џана.

Комеморацијата во нивна чест е закажана во Стејплс центарот, а раководството на Лејкерс ги објави цените на билетите кои се ставени на продажба од 14 февруари. И тие се симболични, односно во знакот на броевите на Коби и Џана.

Најскапите влезници чинат 224 долари, „средните“ се 2 за 224, а најевтините се 24,02 долари. Собраните средства ќе бидат донирани во Фондацијата Мамба и Мамбасита Спортс.

Пренос од комеморацијата нема да има, а таа нема да се пренесува ниту јавно, на екрани пред Стејплс центар или низ Лос Анџелес.