ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА И Бојиќ си оди од МЗТ, продолжува во Романија

И Бојиќ си оди од МЗТ, продолжува во Романија

сподели
фото: МЗТ Скопје Аеродром, Петр Стојановски

И третиот од четирите странци во македонскиот шампион одлучи да го напушти Аеродром и да почне нова епизода во кариерата.

Андрија Бојиќ не се договори со ракодството на МЗТ Скопје и ќе продолжи во романскиот Волунтари. Тоа значи дека се враќа назад бидејќи во Македонија дојде од екипата на Политехника.

„Периодот поминат во МЗТ Скопје е најубав во мојата досегашна кариера. Им се заблагодарувам на луѓето во клубот, а особено на навивачите. Се надевам дека еден ден повторно ќе се вратам”, изјави Бојиќ за basketball.mk.

Српскиот крилен играч дојде во МЗТ кон крајот на март 2018 година. Со клубот од Аеродром освои една титула во македонското првенство и беше меѓу најдобрите во АБА 2 во чија завршница не играше поради повреда.