ПОЧЕТНА Други репрезентации И без најдобрите, пресилни за Данска

И без најдобрите, пресилни за Данска

сподели
FIBA

Македонската јуниорска репрезентација со победа ја заврши групната фаза од Европското Б-првенство и со максимален ефект влегува во нокаут делот.

FIBA

Последна жртва ни беше Данска која ја победивме со 80:73. Противникот беше еден од аутсајдерите во групата, но триумфот изразен со релативно мала разлика е последица на тоа што селекторот Тони Симиќ одлучи да ги одмори најдобрите играчи Андреј Јакимовски и Лука Савичевиќ со оглед на тоа што овој натпревар немаше никакво резултатско значење.

FIBA

Во нивно отсуство се истакна Марко Миловановиќ кој постигна 27 поени и 8 скока за индекс 29, Зеќири додаде 12 поени и 8 скока, а Златевски 11 поени.

FIBA

Како што веќе објавивме, противник на Македонија ќе биде Естонија, натпреварот се игра на Илинден од 15:30 часот.