ПОЧЕТНА ЕВРОПА И Басконија го искористи падот на Олимпијакос

И Басконија го искористи падот на Олимпијакос

сподели
euroleague.net

Поранешниот европски шампион сезонава игра во Втората лига на Грција и тоа остава последици врз формата во Евролигата. Третиот пораз во четвртиот натпревар му го нанесе Басконија која на домашен терен победи со 82:66.

Грците немаа одговор за Торнике Шенгелија кој постигна 25 поени и 9 скока, Хенри додаде 12, а Стаускас 11 поени. За Олимпијакос претстои уште еден тежок ривал – европскиот шампион ЦСКА во Москва.