ПОЧЕТНА СП 2019 (ВИДЕО) И Аргентинците ги удри проклетството на Мундијалот

(ВИДЕО) И Аргентинците ги удри проклетството на Мундијалот

сподели

Речиси да нема репрезентација на Светското првенство во која нема да има по некој отсутен кошаркар поради повреда.

На долгата низа најверојатно ќе се приклучи и Аргентина која денеска остана без својот плејмејкер Факундо Кампацо. Тој го повреди скочниот зглоб на десната нога на претпоследниот подготвителен натпревар пред Мундијалот, против Русија што се одигра во Нингбо.

Уште нема точна дијагноза, засега во аргентинската репрезентација се оптимисти дека не е нешто сериозно, но со оглед на тоа што до почетокот на шампионатот има уште пет дена, прашање е дали е тоа доволно време да заздрави.

„Обично вакви повреди не се дијагностицираат во првите неколку часа, но јас можам да кажам дека Факундо нема да игра против Шпанија. Засега го знаеме само тоа“, изјави селекторот на аргентинската репрезентација Серхио Хернандес.

Аргентина победи со 85:64, Кампацо постигна седум поени, а најефикасен беше Габриел Дек со 17. За оваа репрезентација останува уште подготвителниот дуел со Шпанија, на 27 август.