ПОЧЕТНА СП 2019 И Американците стартуваа убедливо

И Американците стартуваа убедливо

сподели
FIBA

Можеби не како Србија, Шпанија, Италија или Литванија, но и бранителот на светската титула оствари сигурна победа во првото коло од Мундобаскетот.

Со 88:67 ја совлада Чешка иако им требаше некое време додека ја постигне посакуваната температура на моторот. Европската селекција почна добро, водеше со 11:7 на половина од првата четвртина, но САД направија 10:0 за преземање на водството кое потоа го чуваа до крај.

Донован Мичеч беше најефикасен во американската репрезентација со 16 поени, Барнс додаде 14, а Вокер 13. Кај Чешка, Томаш Саторански постигна 17 поени.

На вториот натпревар од групата Е, Турција ја совлада Јапонија со 86:67. Ерсан Илјасова постигна 19 поени, Махмутоглу 17, а Џеди Осман 12. Руи Хачимура и Ник Фазекаш ги предводеше Јапонците со по 15 поени.