ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ФОТО) И аеродромци се простија од Коби Брајант!

(ФОТО) И аеродромци се простија од Коби Брајант!

сподели

Дали поради МЗТ Скопје, дали поради нешто друго, населбата Аеродром е една од најкошаркарските во Македонија.

Тоа го потврдува и овој мурал во чест на Коби Брајант, американската кошаркарска легенда која загина во хеликоптерска несреќа на 26 јануари, заедно со својата ќерка и уште седум лица.

Муралот го изработија Матеј Петковски и Марко Лазов, се наоѓа во Аеродром, во зелените згради, на местото популарно наречено „Тунелче“. Мотивите се јасни: овековечување еден, пред се, човек, херој, најблиску до идол, патоказ во животот од неговите фанови и најискрени љубители на кошарката.

Воедно, Аеродром искажува почит спрема нивниот прерано заминат брат Виктор Јосифовски – Хард, чија годишнина е токму денес.