ПОЧЕТНА ЕВРОПА Хвала, Анте?

Хвала, Анте?

сподели
фото: Барселона

Клубот што сака да се презентира во јавноста како организација што е „повеќе од клуб“, на сите нивоа на функционирање, реши да ја прекине соработката со капитенот, странецот што одигра најмногу натпревари во историјата на колективот и вториот скокач во нивната историја.

Барселона го испрати Анте Томиќ, по поразот во финалето на шпанската лига. Хрватот го снајде истата судбина на српскиот стратег Светислав Пешиќ, кој не успеа да ја освои титулата иако ја имаше најскапата европска екипа, со неверојатен марсовски буџет од 41 милион евра.

Во спортот ваквите тектонски поместувања се нормална појава, но прашањето што само по себе се поставува, е – Како може една организација што се нарекува Mes que un club, во еден ден да ги избрка тренерот што прв и ја донесе европската слава (2003) и играчот што дојде (2012) од Реал Мадрид?

Одговорот е едноставен. Барселона е организација како и сите други – троши пари, за трофеи троши (нај)многу пари, кога нешто не оди следува рез. (ФК) Атлетико не го избрка Симеоне иако (2) не ја освои ЛШ, Баскијците (Басконија сезонава ја совладаа Барса во финалето) не ги бркаат играчите и тренерите…