ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Хумани гостиварци гледаа кошарка и собраа пари

Хумани гостиварци гледаа кошарка и собраа пари

сподели
фото: КК Гостивар

Место старт на новата сезона, македонските прволигаши уште се на пауза, не по своја вина.

Продолжениот принуден одмор го искористија Гостивар и Кожув кои одиграа уште еден подготвителен натпревар, но со хуманитарен карактер. Победија гевгеличани со 86:90 иако никого не го интересираше резултатот.

Според Кошаркарскиот клуб Гостивар, собрани се 22.500 денари од продажба на влезници. Парите ќе бидат донирани во хуманитарни цели.