ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Хрватски центар го засили Кожув

Хрватски центар го засили Кожув

сподели

Гевгелискиот прволигаш во новата сезона ќе биде засилен со 23-годишниот Антун Маричевиќ.

Минатата сезона тој бил член на НЦАА Д-1 тимот Јужна Флорида каде на 30 натпревари, просечно играл по 13,3 минути и постигнувал по 4,1 поени и 2,9 скока.

Маричевиќ има преддоговор со Кожув кој може да го раскине до 20 август ако најде подобра понуда. Засега е трето засилување за гевгелискиот прволигаш кој досега ги донесе Мартин Шалев и Методија Бешлиоски.