ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Хрват место Хрват, Американец место Американец во МЗТ

Хрват место Хрват, Американец место Американец во МЗТ

сподели

Ден по официјалниот почеток на подготовките, актуелниот шампион договори две странски засилувања за новата сезона.

На плејмејкерската позиција доаѓа американскиот интернационалец Џабари Хиндс, а на местото крилен центар Хрватот, Марин Морнар.

Хиндс треба да го замени Лестер Медфорд, играч со слични физички карактеристики, но голема експлозивност. Во МЗТ Скопје доаѓа од Полска, односно од тимот на Кросно каде постигнувал по 21,7 поени и 5,7 асистенции по натпревар.

Универзитетските денови ги поминал на Вест Вирџинија и ЈуМас, а потоа играл и во Косово и Унгарија.

Позицијата на Иве Иванов во редовите на македонскиот шампион ќе ја пополни негов сонародник. Марин Морнар претходно играше во АБА лигата, во тимот на Морнар од Бар, кариерата ја почнал на Универзитетот Лојола Меримаунт по што се вратил во Европа, во Хорсенс од Данска и Борас од Шведска.

Морнар е второ странско засилување за МЗТ Скопје во пресрет на новата сезона по кенискиот интернационалец Нуни Омот. Тие двајца, заедно со Бојан Крстевски, треба да бидат основата на тимот кога станува збор за борбата под кошевите откако шампионот, освен без Иванов, остана и без Предраг Самарџиски, Љубомир Младеновски и Андрија Бојиќ.

До почетокот на сезоната МЗТ Скопје планира да донесе уште едно странско засилување, најверојатно на бековските позиции.