Најнови вести

МЕКИЌ: Сите што ме познаваат, знаат што чувствувам за МЗТ

По пауза од речиси три години, репрезентативниот бек повторно ќе го облече „сино-белиот“ дрес на својот омилен клуб. Со него продолжува интенцијата на МЗТ Скопје да ангажира домашни кошаркари, особено репрезентативци. Адем Мекиќ се враќа многу поискусен и подготвен да биде еден од носителите на играта, за разлика од првиот престој во екипата, од 2014 до 2017 година. Има еден...

Мекиќ и МЗТ Скопје – љубовта продолжува

Седумкратниот македонски шампион го договори второто засилување за претстојната сезона, по Филип Бакоч кој од Еуро Никел се пресели во Аеродром. Нов член на четата на Ѓорѓи Кочов е Адем Мекиќ - добро познато име кај навивачите на МЗТ Скопје, играч кој го носеше дресот на овој тим од 2014 до 2017 година. Во тој период освои три титули во...

ТОДОРОВ: Минатата сезона требаше да ми биде последна во кариерата, но…

Селекторот на македонската репрезентација уште една сезона ќе остане во тимот на Крајова на чие чело е веќе две години. Првата беше исклучително успешна, Александар Тодоров собори низа рекорди на клубот, а и ја крена кошаркарската атмосфера во градот каде главни спортови се фудбалот и женскиот ракомет. Втората не толку, но тоа и не е важно бидејќи беше прекината поради...

Обрадовиќ пак му помага на Партизан

Добро е позната соработката меѓу најтрофејниот европски тренер и клубот каде тој ја заврши играчката и ја почна тренерската кариера. Жељко Обрадовиќ неодамна си замина од Фенербахче и најави едногодишен одмор, но тоа не го спречува повторно да му помага на Партизан. Додека тој одмора, кај „црно-белите“, во соработка со управата на белградскиот клуб, го испрати својот „вечен“ помошник Влада...

Охрид се враќа на кошаркарската мапа, доби поддршка и од КФСМ

По едногодишна пауза, односно по згаснувањето на приватниот проект АВ Охрид, најголемиот туристички центар во земјава повторно ќе има свој кошаркарски клуб. Претседателот на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Перо Антиќ, заедно со генералниот секретар Владимир Георгиевски, и Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, на денешната средба изразија голема благодарност до групата ентузијасти за формирањето на градскиот кошаркарски клуб Охрид и...

Тодоров останува верен

Нашиот селектор и следната сезона ќе биде на чело на романската екипа Крајова, на чија клупа седеше претходните две сезони. Александар Тодоров останува четврта година во Романија, заедно со ангажманот што го имаше во редовите на Динамо од Букурешт. Кариерата ја почна во Маџари, па преку Алумина, Куманово, Вардар и ФОН, стигна до МЗТ Скопје и ја донесе првата историска...

Дрим-тим од Каталонија: Гасол, Весели, Калатес, Де Коло…

Шарунас Јасикевичиус денеска беше промовиран во нов тренер на Барселона, на местото на неговиот поранешен „шеф“ во истиот клуб Светислав Пешиќ. На презентацијата изрази голем оптимизам, но и звучни имиња кои би можеле да го засилат неговиот состав. За Јан Весели веќе се зборуваше, Ник Калатес би требало да биде промовиран оваа недела, но на навивачите им застана здивот од...

Условите во новата БИБЛ, има место за малку македонски екипи

Македонската кошаркарска федерација доби писмо на намери од страна на раководството на Балканска лига за учество на заинтересирани клубови во следното издание на БИБЛ лигата, односно сезоната 2020/2021. Во предлог-понудата до КФСМ стои дека менаџментот на БИБЛ лигата планира нов натпреварувачки систем, а во исто време и унапредени финансиски услови за клубовите кои ќе испратат пријава за учество во сезоната...

Се растури тимот на Нено Димитријевиќ

Голем број шпански прволигаши, меѓу нив и најтрофејните - Реал и Барселона, летово ќе доживеат реконструкција на своите екипи и со свежи сили ќе ја дочекаат новата сезона. Исклучок нема да биде ниту Хувентут, екипата чиј член уште е македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. Не помина ни една недела од официјалниот крај на сезоната, а од каталонскиот клуб си заминаа веќе...

Песимистички најави – НБА нема да продолжи!

Екипите во најсилната светска кошаркарска лига се вратија на тренинзи по речиси четиримесечна пауза, а до планираното продолжување на сезоната остануваат 25 дена. Сепак, корона вирусот во САД не стивнува поради што е се поголем песимизмот дека ќе се игра по објавениот распоред. На овие најави се надоврза и легендарниот Чарлс Баркли кој е мошне сигурен дека сезоната во НБА...