ПОЧЕТНА СВЕТ Хјустон остана без тренер, Д’Антони не може да се справи со предизвикот

Хјустон остана без тренер, Д’Антони не може да се справи со предизвикот

сподели
nba.com

Рокетс остануваат без кормилар, откако досегашниот ја информирал франшизата дека нема намера да се враќа за следната сезона, јавува ЕСПН.

Договорот му истече со последниот меч оваа кампања, по што Мајк Д’Антони го одбил предложеното продолжување на соработката.

Неофицијално, тој влегува во групата кандидати за испразнетото место на клупата на Филаделфија, каде беше асистент (2015/16), а за празното столче во Хјустон се уште не се зборува ништо.

Во четири години на клупата на франшизата од Тексас, овој често оспоруван стручњак, не донесе никаква новина или стил на игра со кој можеше да се вмеша во битката за титулата.