ПОЧЕТНА ЕВРОПА Хиндс блиску до трипл-дабл

Хиндс блиску до трипл-дабл

сподели
фото: ABA 2

Американецот одигра одличен натпревар, беше многу блиску до тројно-двојно остварување, со што има најголема заслуга за победата на македонскиот првак. Ова е втора ѕвезда што блесна во МЗТ, по Нуни Омот во првото коло.

За 33 минути плејмејкерот постигна 23 поени, со 9 скока и 8 асистенции, 3 украдени топки и 6 претрпени лични грешки, за индекс 33. Тој беше единствениот играч на МЗТ Скопје со двоцифрен индекс, иако двоцифрен број поени постигнаа и Стојановски (12) и Омот (10).