ПОЧЕТНА ЕВРОПА Химки ја има првата победа во новата елитна сезона

Химки ја има првата победа во новата елитна сезона

сподели
euroleague.net

Рускиот претставник го совлада Макаби Тел Авив со 89:83 на стартот на евролигашката авантура во новата 2019/20. Домаќинот играше одлично три четвртини, имаше двоцифрена позитива (+17), во финишот се опушти, но не ја испушти предноста.

Ентони Гил (euroleague.net)

Алексеј Швед имаше 22 поена за победникот, 18 постигна Ентони Гил кој имаше најдобра валоризација кај рускиот претставник (22), Јанис Тима имаше 17 поени, а Јонас Јеребко 14. Кај поразените имаше 4-ца двоцифрени, Тарик Блек ги водеше со 17 поени.