ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Херис уште го чека првиот поен

Херис уште го чека првиот поен

сподели
фото: Helios Suns/Gasper Papez

Најновото засилување во тимот на МЗТ Скопје веќе одигра два натпревара, но засега не го покажува тоа што го очекува од него.

Натпреварот против Пелистер во домашното првенство се играше само два дена по неговото доаѓање во Македонија и веројатно на него не можеше да се очекува некоја блескава игра. За осум минути на тој меч не се запиша во листата на стрелците, шутна само еднаш, имаше еден скок и една асистенција.

Многу повеќе требаше да пружи во дуелот со Хелиос од АБА 2 натпреварувањето. И таму остана кус, за речиси 12 минути игра пак не постигна поен, но сега шутна три пати, имаше два скока и една украдена топка.

фото: Helios Suns/Gasper Papez

Против Пелистер, Херис имаше индекс 1, против Хелиос -1. Можеби е рано да се суди, во следните две недели американскиот бек ќе има други можности да не увери во своите квалитети, колку побрзо го направи тоа, толку подобро за МЗТ Скопје кој нема многу опции во тимот на почетокот од оваа сезона.

Претстојниот викенд шампион игра со Академија ФМП, потоа со Широки во АБА 2 и викендот на 22 или 23 ноември на програмата е вечното дерби против Работнички во Градски парк.