ПОЧЕТНА Некатегоризирана Хауард, Ноа, Гортат… Кој ќе го замени Казнс?

Хауард, Ноа, Гортат… Кој ќе го замени Казнс?

сподели

Лос Анџелес Лејкерс се најде во незгодна ситуација бидејќи мора да бара нов центар уште во период кога не се почнати ни подготовките за новата сезона.

ДеМаркус Казнс го повреди коленото, најверојатно ќе го нема цела сезона, а беше еден од играчите, покрај Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, околу кого ќе се заснова играта на екипата. За да останат кандидати за титулата Лејкерс мораат да донесат замена за него, конкуренцијата се сведува на четири звучни имиња, односно играчи со големо искуство и уште неколку не толку познати.

Двајт Хауард одненадеж е најспомнуваното име иако во првиот престој во Лејкерс не се прослави и јавно зборуваше дека тоа му е најголема грешка во кариерата. Жоаким Ноа не личи на себе откако си замина од Чикаго, но тој е експерт за игра во одбрана и може да се вклопи со Ентони Дејвис.

Марцин Гортат е слободен играч откако му истече договорот со Лос Анџелес Лејкерс и можеби е добра опција во моментов иако е далеку од најдобрата форма во кариерата. Последниот во низата е Кенет Фарид кој најмногу потсетува на играта на Казнс.

Освен нив се спомнуваат уште Маркус Крис, Марис Спајтс, Салах Меџри и Вили Рид.