ПОЧЕТНА НБА Харден е подобар стрелец од Џордан

Харден е подобар стрелец од Џордан

сподели

Генералниот менаџер на Хјустон Рокетс изјави дека неговата актуелна прва ѕвезда е далеку поефективен поентер, од легендарниот и револуционерен Ер.

„Луѓето може да ме мразат за оваа изјава, но бројките се на страната на Џејмс. Не велам дека ако Џордан играше денес, немаше да биде подобар стрелец, но актуелната состојба е таа. Харден има многу подобри бројки од Мајкл.“ – се зборовите на Дарил Мори.

Харден одигра 11 сезони со просек од 36.1 поен минатата (претходно 30.4, 29.1, 29.0, 27.4, 25.4, 25.9 во Хјустон), Џордан имаше над 30% во осум сезони по ред од вкупно 15. Харден е двократен најдобар стрелец, Џордан е 10-кратен.

Харден има 52.5% ефикасност на шутот од поле, Џордан има 50.9%, а ако се вклучат и слободните фрлања Харден има 60.9% ефикасност на шутот, за разлика од Џордан кој има 56.9% реализација.