ПОЧЕТНА СВЕТ Харден е најдобар стрелец во НБА во овој век

Харден е најдобар стрелец во НБА во овој век

сподели

Многу големи ѕвезди на кошарката играа во НБА лигата од пензионирањето на Вилт Чембрлен, но ниедна од нив не е толку блиску до неговиот рекорд од 100 поени како што во моментов е Џејмс Харден.

Можеби Коби Брајант со негоите 81 поен против Торонто, но и тоа беше само моментен блесок, за разлика од играчот на Хјустон кој во серија оди над 50, па и 60 поени. Само на последните два меча заедно реализира 109 (55 против Кливленд и 54 против Орландо) и стана прв играч во историјата на НБА со постигнати 10 тројки на два натпревара по ред, а притоа да постигна 50+ поени на двата.

На 24-те одиграни натпревари оваа сезона Харден во просек постигнува по 39,3 поени што е трет најдобар ефект во историјата на лигата. Пред него е само Вилт Чембрлен: со 50,4 поени во сезоната 61/62 и 44,8 во 62/63.

Но, дури и најдобриот стрелец во историјата на НБА е воодушевен од леснотијата со која погодува Харден не само оваа, туку и претходните сезони. Лани играчот на Рокетс имаше серија од 32 натпревара со најмалку 30 поени, сегмент во кој, исто така, најдобар е Чембрлен со 65 такви настапи во низа.

На крајот, осум од десетте најефикасни натпревари во 2019 година ги има Џејмс Харден. Останатите два се на Лилард (60 поени) и Букер (59).

На 30-годишна возраст Харден е на бројката од 19.609 поени во кариерата. Нема сомнение дека многу брзо ќе ја надмине границата од 20 илјади, ако продолжи со овој просек, тоа ќе биде во следните десет натпревари. Во моментов е на 47-мото место на вечната листа на стрелци во НБА лигата, а има реални шанси до крајот на сезоната да дојде барем до 35-тото за што му требаат околу 2.000 поени.