ПОЧЕТНА Некатегоризирана Гром удри во Пионир!

Гром удри во Пионир!

сподели

Четвртиот натпревар од финалната серија во српското првенство меѓу Партизан и Црвена Звезда е во прекин поради една несекојдневна ситуација во која се најде салата каде што се игра мечот.

Во последната четвртина, гром удрил во салата Пионир (Александар Николиќ) поради што снема струја во неа, а почна и да тече вода од покривот.

Во моментот на прекинот Партизан водеше со 56:55, а до крајот има нешто повеќе од осум минути.