ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Гром од ведро небо: Војдан има нов клуб!

Гром од ведро небо: Војдан има нов клуб!

сподели
FIBA

Тукушто се навикнавме на капитенот на македонската репрезентација во дресот на По Ортез, тој одлучи да ја смени средината.

Останува во Франција, но од 20-ти јануари ќе биде член на Гравелин Динкерк кој, исто така, се натпреварува во Првата лига на оваа земја. Војдан е трето засилување за овој тим месецот, по Усман Драма и Дариус Морис.

Познато беше дека тој потпис со Ортез на шест недели, но со оглед на одличните настапи во досегашниот период, се очекуваше да го продолжи договорот барем до крајот на сезоната. Гравелин Динкерк е во зоната за испаѓање во француската лига и во моментов е во ужасна низа од пет порази.