ПОЧЕТНА Некатегоризирана Гробарот ги избриша делиите, што му го чуваа грбот

Гробарот ги избриша делиите, што му го чуваа грбот

сподели

Селекторот на српската селекција, Александар Ѓорѓевиќ не смета на услугите на Немања Недовиќ и Никола Калиниќ. Пораншениот ас на белградски Партизан оценил дека за поранешните кошаркари на Црвена звезда, нема место на списокот од 18 имиња кој што ќе продолжи со подготовките за СП 2019.

Апсолутно право на тренерот е да ги избира играчите, односно на селекторот да ги одредува репрезентативците, но двајцата кошаркари се изненадени од ваквата одлука на Сале Национале, особено ако се земе в предвид нивната репрезентативна константност последните (најмалку) 5 години.

Никола Калиниќ (фото: Mondo.rs)

Дoзнав од Твитер, ова е голема неправда, беше лутата реакција на Недовиќ (28), а Калиниќ (27) рече дека нема коментар, но дека е здрав и прав. Едниот игра во Милано, другиот во Фенербахче, двајцата се евролигашки играчи и во зенитот, однонсо ги живеат најдобрите години на кариерите.

На позициите (1 и 2) на Недовиќ, Ѓорѓевиќ реши, покрај стандардните Теодосиќ, Јовиќ, Мициќ, Богдановиќ, Милосављевиќ и Гудуриќ, да го „остави“ Алекса Аврамовиќ од Уникаха, а на позицијата (3, понекогаш и 4) на Калиниќ ќе игра Дејан Тодоровиќ од Мурсија, покрај стандардните Владимир Лучиќ и Марко Симоновиќ, односно НБА повратникот Немања Бјелица.