ПОЧЕТНА СП 2019 Грми од Кина до Црна Гора

Грми од Кина до Црна Гора

сподели
FIBA

Еден од двата дебитанта на Светското првенство го доживеа и вториот пораз и со тоа ги сведе на теорија шансите за пласман во следната фаза.

Црна Гора загуби од Нов Зеланд со 83:93, а мечот од второто коло го одбележаа четирите технички грешки досудени за Црногорците. Две од нив доби селекторот Звездан Митровиќ кој беше исклучен пред крајот на првото полувреме.

„Тешко е да се коментира овој натпревар. На телевизија го гледав вториот дел и од страна видов што се случува – катастрофа. Ние го загубивме натпреварот, ние ги сносиме последиците, но се надевам дека некој ќе биде казнет за ваквото судење.

FIBA

Момците во соблекувалната се чувствуваат како да се ограбени, немаа чувство дека загубиле, туку дека некој им ја украл победата. Ние сме мала држава, првпат сме овде, но заслужуваме почит“, изјави Митровиќ по натпреварот.

За Црногорската репрезентација останува уште дуелот со Бразил. На ова Светско првенство недостасуваат најдобрите судии од Европа кои се елиминирани затоа што водат дуели од натпреварувањата на УЛЕБ.