ПОЧЕТНА Некатегоризирана Гркот за првпат ќе игра на елитното европско тло

Гркот за првпат ќе игра на елитното европско тло

сподели
twitter

По 11 години поминати во четири екипи во најсилната кошаркарска лига на светот, грчкиот репрезентативец се враќа во Европа, во редовите на актуелниот шампион на Стариот континент.

Костас Куфус се сели од Сакраменто Кингс, во ЦСКА Москва, со двегодишен договор од 6 милиони долари по сезона и опција ако има понуда, да се врати преку Океанот уште во 2020-та година, или на крајот на сезоната.

Куфус има 30 години, ја почна кариерата во Јута, потоа играше за Минесота и за Мемфис, пред да се пресели кај Владе Дивац. Српскиот ГМ реши дека грчкиот центар, кој што има бронза од ЕП 2009, е прекуброен, по што овој се врати во Европа.