ПОЧЕТНА АБА Грешката е потврдена, жалбата е одбиена

Грешката е потврдена, жалбата е одбиена

сподели
twitter

Како што се очекуваше, со оглед на тоа што на репетициите јасно се гледа прекршокот на Били Берон, чекорите по кои што ги постигна последните поени на средбата (75:76) со што Црвена звезда ја освои 20-та титула (3:1) во финалето против Партизан, Кошаркарската лига на Србија се произнесе со следните заклучоци:

  1. Судењето било добро 39 минути и 59 секунди, освен последната одлука, поради што судиската тројка е оценета со оценка 2.0 поради што автоматски добива казна од три редоследни кола неделегирање.
  2. Мечот се регистрира со постигнатиот резултат, затоа што според официјалните правила на ФИБА и пропозициите за натпреварување, еден меч не може да се поништи или преигра врз база на видео снимка.
  3. Партизан е финансиски казнет поради фрлање на тврди и меки предмети на теренот, а играчите Мохамед Фаје (ЦЗВ) и Новица Величковиќ (ПАР) исто така се казнети финансиски, поради техничките грешки.