ПОЧЕТНА СП 2019 (ВИДЕО) Грег Попович – врвен тренер, неверојатен шоумен

(ВИДЕО) Грег Попович – врвен тренер, неверојатен шоумен

сподели

Американската репрезентација со убедлива победа го почна Светското првенство, ја совлада Чешка со 88:67 и делумно го симна притисокот што го наметнаа навивачите и медиумите.

А, за тоа се погрижи и тренерот Грег Попович со своето лежерно однесување на прес-конференциите. Таков беше и на средбата со новинарите по триумфот во првото коло од Мундобаскетот.

Еден од домашните претставници на медиумите го праша каков впечаток на Грег Попович оставиле навивачите на натпреварот против Чешка.

„Морам да бидам целосно искрен кон вас: кога почнува натпревар јас не гледам и не слушам ништо освен теренот и играчите. Немам поим колку луѓе имало на трибините, немам поим колку биле гласни“, рече Попович, а откако бекот на американската репрезентација Донован Мичел рече дека има поинакво мислење, тренерот на Сан Антонио низ смеа му се обрати и на него и на новинарот што го постави прашањето:

„Би требало да внимаваш на играта… Гледате, ми правите проблеми во тимот“, рече тој.