ПОЧЕТНА СП 2019 (ВИДЕО) Грците стоеја мирно пред Маори танцот!

(ВИДЕО) Грците стоеја мирно пред Маори танцот!

сподели
FIBA

Традиционалниот вовед на новозеландската репрезентација, на секој натпревар на големите натпреварувања, ги импресионира сите секаде каде што се изведува.

Адетокумбо и компанија гледаа немо и со почит, кон ритуалот со кој некогаш, ова племе од крајот на светот, тргнувало во војна.

Иако грчката селекција го издржа налетот на противникот и во директниот дуел се радуваше со 103:97, а Нов Зеланд беше елиминиран по првата фаза, сепак ова е момент во кој се запознале со една далечна култура и сите присутни, ќе го паметат вечно.