ПОЧЕТНА ЕВРОПА ГРЦИТЕ: Грешка што ни прави ненадоместлива штета

ГРЦИТЕ: Грешка што ни прави ненадоместлива штета

сподели
Diario AS

Претседателот на грчката кошаркарска федерација со болка во зборовите изјави дека отсуството на Олимпијакос од премиерното грчко натпреварување е феномен што не смеел да се случи, но и дека не зависел од грчките кошаркарски власти:

„Ако нема единство, нема резултати. Никој не го сакаше ова сценарио. Огромна штета е отсуството на Олимпијакос од нашата прва лига, само младите играат како Б тим во втората.

Не може да се игра кошарка во Грција без Олимпијакос. Ова е грешка. Но, не можеме ние да ја поправиме.“ – се зборовите на Јоргос Василакопулос.

Тимот од Пиреа, незадоволен од арбитражата на мечевите со Панатинаикос, не одигра три меча (два во лигата и еден во Купот) поради што беше автоматски префрлен во понизок ранг на натпреварување, а игра Евролига.