ПОЧЕТНА ЕВРОПА ГРЦИТЕ ГУБАТ ГЛАВА: Министерството за спорт барало странски судии од ФИБА

ГРЦИТЕ ГУБАТ ГЛАВА: Министерството за спорт барало странски судии од ФИБА

сподели
Педулакис трет пат се врати во Панатинаикос, но против кого ќе игра во Грција? (фото: PAO BC)

Во предвечерјето на грчките парламентарни избори за сите 300 пратеничи седишта, закажани за недела (7/7/2019), заменикот министерот за спорт и култура Василиадис отпатувал во седиштето на Светската куќа на кошарката во Женева, да бара спас за грчката кошарка.

„Бев во ФИБА, прашав за меѓународни судии, но не добив одговор. Знам дека јас не можам да поставам судии, но можам да ги побарам.

NewsBeezer

Знам и дека не е лесно набрзина да се одговори на вакво комплексно и чувствително барање.“ – изјави Василиадис.

Грчката кошарка е пред колапс, затоа што Олимпијакос поради незадоволство од судискиот третман демонстративно не играше мечеви и намерно предизвика релегација во втората лига, а пирејската екипа „се заканува“ и со настап во АБА лигата.