ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Гостиварци ја комплетираа својата мисија

Гостиварци ја комплетираа својата мисија

сподели

Неодамнешниот подготвителен натпревар меѓу Гостивар и Кожув имаше хуманитарен карактер и на него домашниот клуб собра 22.500 денари од своите навивачи.

Ветено беше дека средствата ќе бидат донирани во пари или производи на оние на кои им беа најпотребно.

Две недели подоцна хуманата мисија е комплетирана. Кошаркарскиот клуб Гостивар објави дека 12 семејства од градот и околината добиле помош која им била неопходна. Ние можеме да посакаме почесто да биде вака и повеќе клубови да се вклучат во ваквите акции.