ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Гостивар во транс – падна шампионот!

Гостивар во транс – падна шампионот!

сподели

Се се враќа во животот, порано или подоцна. За тимот на Гостивар порано, веќе во првиот натпревар откако несреќно ја испушти победата против Работнички во Гостивар. Вака можеби е и послатко, ако мораше да се победи само еден од двата дерби дуела, подобро е тоа да биде оној пред домашната публика и против шампионот.

Драмата во завршницата му припадна на Гостивар со 80:78 за прв пораз на МЗТ Скопје оваа сезона, сметајќи ги сите натпреварувања. Со тоа продолжи традицијата оваа екипа барем по еднаш во секоја сезона да го победува седумкратниот македонски првак откако се врати во елитата пред три години.