ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Гостивар со една петорка, го реши МЗТ среде Скопје

Гостивар со една петорка, го реши МЗТ среде Скопје

сподели
фото: архива

Првата победа во Аеродром е зачинета со многу пикантерии од кои една од највпечатливите е бројот на играчи на (новиот) Гостивар, што „играше“ против шампионот. Никако не смее да се потцени учинокот на ниту еден поединец, или пак севкупно тимскиот, но реално петмина го понесоа товарот.

Џелетовиќ имаше 37:46 минути, Костоски одигра 35:53 минути, Димчевски имаше 33:26 минути, Доналдсон регистрира 31:59 минути, а Тасовски одигра 29:25 минути. Од другите играчи кај гостите, Ренато Димитриески одигра 15:15 минути, Штерјов одигра 12:49 минути и Милан Димитриески 3:27 минути.

Ако земеме в предвид дека Димче Тасовски има 39 години и постигна само 3 поени, тогаш јасно е дека (нај)ветеранот во екипата имал улога на столб за потпора и искуство, во играта на тимот што сезонава двапати ги победи металците (72:78, 80:78).

Кај домашните, само двајца одиграа преку 30 минути, а тоа се Стојановски (35:46) и Крстевски (34:00). Милошевиќ имаше 24:27, Џабари имаше 23:00, Ерон одигра 21:37, Маслинко 20:48. Магдевски и Николов беа под 20, Радуловиќ одигра под 10 минути.