ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Гостивар, сепак, ќари од распаднатиот АВ Охрид

Гостивар, сепак, ќари од распаднатиот АВ Охрид

сподели
Штерјов (број 12) се сели 100-тина километри северно (фото: КК АВ Охрид)

Можеби не успеа да се договорат со Марјан Младеновиќ, но клубот од најкошаркарскиот град во земјава во новата сезона ќе има еден играч од колективот кој, за жал, повеќе не постои.

Нов член на Гостивар ќе биде 33-годишниот крилен центар Александар Штерјов кој веќе се приклучил на тренинзите на тимот и треба да биде засилување под кошевите. Во текот на летото тој се договори со АВ Охрид, беше одличен за време на подготовките, но како и останатите, стана жртва на одлуката за згаснување на клубот.

Гостивар ќе биде седми македонски клуб за Штерјов во неговата кариера. Претходно играше за МЗТ Скопје, Плејмејкер Кубус, Вардар, Кожув, Куманово и АВ Охрид. Своето деби би требало да го забележи претстојниот викенд, против Академија ФМП на домашен терен.